јуни 29, 2017

Струга, 29. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Наградата „Крсте Чачански“ за необјавена книга раскази, што ја доделуваат Културниот центар „Бран“ и Ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга годинава ја доби  ракописот „Смртта долетува насмевната“ на Стефан Марковски.

– Триесетте кратки раскази од збирката „Смртта долетува насмевната“ од Стефан Марковски преку комичност, упростеност и хетерогеност од раскажувачки стилови и фабули се исполнети со впечатливи ликови, разговори и настани со возбудливи и постојани пресврти. Тие ефектуираат една нова поетика на апсурдната реалност која со себе го носи печатот на модерноста во која авторот живее, твори и творејќи експериментира со нови книжевно-експресивни облици, стои во образложението на членовите на жирито.

Наградата на Марковски ќе му биде врачена на 7-ми јули во спомен – куќата на Миладиновци во Струга, во рамки на меѓународната манифестација „Струшки книжевни средби – 2017“. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука