јули 2, 2017

Париз, 2. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во Франција од вчера се пуштени во функција две нови брзи железнички линии кои го спојуваат Париз со Бордо и Рен, но се чини дека тоа ќе биде последната таква инвестиција во претстојниот период, бидејќи има сè помалку пари во буџетот.

Државната железничка компанија СНЦФ очекува на линијата до Бордо дневно да се возат 35 илјади патници, а до Рен околу 30.000.

За линијата до Бордо се потрошени речиси девет милијарди евра, додека за Рен се потрошени 3,4 милијарди.
Средствата за обете инвестиции се обезбедени преку јавно-приватно партнерство. (Крај)

извор: Макфакс   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука