јули 3, 2017

Струга, 3. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва во Струга започнува Регионалниот летен универзитет, во организација на Амбасадата на Франција во земјава и Францускиот институт во Скопје.

Свеченото отворање е од 18:30 часот во хотел „Дрим“.

Овој летен универзитет е организиран во партнерство со Министерството за образование и наука, како и со бројни меѓународни и регионални партнери. Има големо значење во континуираната обука на професорите и наставниците, им овозможува да стекнат нови познавања во доменот на наставата по француски јазик и култура, како и иновативни техники и методи за изучување на францускиот јазик.

Според најавите ќе учествуваат над 100 професори по француски јазик од Србија, Хрватска, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Романија, Молдавија и Ерменија. (Крај)

извор: ОхридПрес  фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука