јули 5, 2017

Струга, 5. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – 25-годишниот И.А. од струшкото село Велешта заработи кривична пријава за сторено  кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службени дејствија“.

– На 24-ти минатиот месец, во 14,20 часот на крстосницата со улиците „Партизански Бригади“, „15-ти Корпус“ и „Маршал Тито“, при вршење службени задачи и превземање мерки од безбедноста на патниот сообраќај, од страна на двајца полициски службеници, било констатирано погрешно свртување, за што тие сопреле патничко моторно возило марка „БМВ“, од кое излегол пријавениот и почнал да ги навредува, а потоа и физички ги нападнал полициските службеници, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука