јули 13, 2017

Охрид, 13. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Суперхикс, еден од најуспешните македонски бендови, во петок на 28-ми јули ќе настапи во Kadmo Beach & Club.

Станува збор за бенд кој е неколку пати наградуван за најдобар бенд, спот, хит, концерт на годината и слични признанија. Основан е во далечната 1994-та година во Скопје и за време на своето активно творење имаат снимено и издадено 7 изданија (5 студиски албуми, едно live издание и едeн Best Off албум).

Неодамна го издадоа и своето последно ЦД насловено како Андерграунд Евергринс, материјал кој ќе биде објавен и на плоча во издание на „Југотон Рекордс“.

Концертот во Kadmo Beach & Club ќе започне во 22:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука