јули 24, 2017

Струга, 24. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – „Заедно да го сложиме нашиот мозаик“ е насловена активноста која започнува утре од 09:00 часот, на платото кај Споменикот на Револуцијата во Струга.

Станува збор за изработка на мозаик на градот. Организаторите, Локалната агенција за развој од Струга, информираат дека учество може да земе буквално секој и да сложи своја „коцка“ во Мозаикот на Струга.

– Да создадеме нешто трајно кое ќе преставува симбол на нашата заедница и наша заедничка креативна моќ, порачуваат организаторите.

Предводени од искусниот мозаичар Столе Илиев и неговите помошници, на ова заедничко дело ќе се работи три дена. Мозаикот свечено ќе биде откриен на 27-ми јули, од 19:30 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука