август 1, 2017

Охрид, 1. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – На 8-ми и 9-ти август, на градскиот плоштад во Охрид ќе се одржи акција за бесплатно мерење на шеќерот во крвта.

Шеќерна болест или дијабетес е хронично системско пореметување на метаболизмот,кое се карактеризира со хипергликемија, т.е. трајно зголемување на нивото на глукоза во крвта.

Генерално е условен од наследни фактори, а настанува како последица на намалено излачување или намалено биолошко дејство на хормонот инсулин, односно во комбинација на овие два фактори. Тој недостаток ја попречува размената на јаглени хидрати, масти и белковини во организмот (што се манифестира со карактеристични тегоби), а по подолго време влијае и на структурата и функцијата на крвните садови, нервите и другите витални органи и органски системи.

Според стручните лица добро е да се знае како и во кој случај се превземаат мерки за регулација на шекерот, бидејќи најголем проблем се јавува кај лицата кои не знаат како да го регулираат. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука