август 3, 2017

Струга, 3. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ од Струга, утре со почеток во 21:00 часот, на Летната сцена при Центарот ќе се одржи концерт на Оркестарот со зурли и тапани од Вевчани и етно групата „Меџидија“.

– Сите вљубеници во изворната вевчанска музика и почитувачи на македонско музичко културно наследство ќе имаат можност да уживаат во овај концерт на традиционална изворна музика. Влезот за сите посетители е бесплатен, информираат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука