август 4, 2017

Охрид, 4. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – По полни десет години од последниот настап во Република Македонија, еден од најистакнатите глобтротери на хаус музиката, Dj Danny Howells вечерва ќе настапи на познатата охридска плажа „Оревче“.

Станува збор за исклучително квалитетен DJ со 30-годишно искуство, чии звуци се редовно на репертоарот на најдобрите светски клубови.

– Тој подготвува специјален, незаборавен четиричасовен сет на брегот на Охридското Езеро. Сите приходи од настапот на Danny Howells одат во поддршка на Асоцијацијата на активисти за права на животните (ААПЖ), информираат организаторите кои додаваат дека дополнителни донации, сите заинтересирани можат да дадат на следната жиро-сметка:

ААПЖ Скопје
210 066786960188
Тутунска банка

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука