август 5, 2017

Охрид, 5. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – После подолго време легендарната група „Бијело дугме“ настапи под отворено небо и тоа токму во Охрид.

Многубројната публика на стадионот „Билјанини извори“ два часа, се забавуваше и танцуваше, уживаше во прекрасната атмосфера што ја приредија Горан Бреговиќ, Ален Исламовиќ и Младен Војичиќ – Тифа.

bijelodugme3bijelodugmeПрисутните во еден глас ги пееја поновите хитови, но и  „Не спавај мала моја”, „Липе цвату”, „Ѓурѓевдан“, „Хајдемо у планине”, „Има нека тајна веза” и уште бројни хитови, кои со својот квалитет му одолеваат на забот на времето.

bijelodugme4bijelodugme2– Има некои вечери што се паметат вечно, а некои што сакате да ги заборавите. Се надевам дека оваа вечер ќе остане во вашето сеќавање, вака Бреговиќ и се обрати на публиката.

Со синоќешниот концерт, заврши годинашното второ издание на фестивалот „Ohrid Calling“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука