август 6, 2017

Струга, 6. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со повреди од нож во пределот на стомакот, синоќа во Медицинскиот центар во Струга бил примен 31-годишниот О.Н. од Струга.

Истиот по санирањето на повредите бил задржан на лекување.

– Од извршен разговор дојдено е до сознание дека поради нарушени семејни односи дошло до физичка пресметка помеѓу О.Н. и неговиот брат, 28-годишниот Т.Н., при што во еден момент Т.Н. извадил џебен патент нож и му нанел неколку убоди во пределот на стомакот на О.Н., а потоа го напуштил местото на настанот, информираат од МВР.

По целосно расчистување и документирање на настанот против Т.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука