Охрид, 7. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на програмата на фестивалот „Охридско лето“ вечерва од 21:00 часот, во предворјето на црквата „Св. Софија“ ќе се одигра театарската претстава – концертно шоу „Меџик Нешнл“ во изведба на Националниот театар „И.Л. Карагиале“ од Букурешт, Романија.
Националниот театар се смее, пее и танцува во едно театарско шоу, и е уште една прилика да се осврнеме на радоста на една вечно нова и носталгична музика.
Со ретро провејување, но во современ ритам, концерт-шоуто ќе донесе познати актери, без маска, само со музика. (Крај)
извор: Охридско лето фото: архива