Охрид викендов полн со гости, старите проблеми остануваат

Охрид, 7. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Празничниот викенд го наполна градот до последното место, но повторно ги исфрли на површина старите проблеми – хроничниот недостаток на паркинг места, лошата сообраќајна инфраструктура која доведе и до неколку часовни чекања и километарски колони од плажите кон градот.

Гужвите предизвикаа нервоза кај охриѓани и гостите, а беше отежнато и движењето на возилата на Брзата помош и полицијата, кои интервенираа во неколку наврати.

Деновиве беа регистрирани и повеќе сообраќајни незгоди, во кои за среќа, освен причинета поголема материјална штета нема загинати или потешко повредени лица. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

scroll to top