Лондон, 7. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Арсенал го освои првиот трофеј во новата сезона. „Топчиите“ го совладаа Челси и стигнаа до пехарот во англискиот Супер куп , популарно наречен „Комјунити шилд“ , натпревар кој традиционално го најавува стартот на новата сезона во Премиер лигата.
Тимот на Арсен Венгер славеше против „сините“ од Лондон дури по изведувањето на пеналите , откако мечот во регуларниот дел заврши 1-1.
На дуелот кој се играше на „Вебмли“ пред 83 илјади гледачи , резултатот го отвори Виктор Мозес во 46 та минута. Во 80 минута , Педро заработи директен црвен картон поради опасен старт , а само две минути подоцна , летната аквизиција на Арсенал , Сеад Колашинац израмни на 1-1.
По крајот на регуларните 90 минути , веднаш се премина кон изведување на ударите од белата точка , а кои за прв пат се изведуваа според форматот АББА , односно најпрво шутира играч од едниот тим , па двајца по ред од другиот , па повторно двајца од првиот итн.
Тибо Куртоа и Алваро Мората промашија за тимот од „Стемфорд Бриџ“ , а безгрешната серија за Арсенал ја комплетираа Алекс Окслејд Џембрлен и Оливие Гиру , за 15-ти трофеј во „Комјунити шилд“ и одличен старт на сезоната за тимот од „Емирати“. (Крај)
извор: Тв Нова фото: архива