август 9, 2017

Охрид, 9. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 37-годишниот Н.О. од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „спречување на службено лице во вршење на службени дејствија“.

– Пријавениот, казненото дело го сторил на петти минатиот месец во 12:15 часот во приватната здравствена заботехничка лабораторија „Сек-Смиле“, лоцирана на улицата „Моша Пијаде“ во Струга. При обид за вршење на контрола од инспектори во државниот санитарен инспекторат од подрачното одделение во Охрид, пријавениот Н.О. како сопственик на куќата каде била сместена заботехничката лабораторија, се обидел, најнапред вербално да ја спречи контролата, а потоа и физички да се пресмета со претставникот на државниот санитарен инспектор. Обидот за физички напад од сега пријавениот кон овластеното службено лице, го спречил доктор вработен во лабораторијата. Бидејќи инспекторите биле спречени да ги извршат службените дејствија и немало услови за вршење на предвидената контрола, тие ја напуштиле здравствената заботехничка лабораторија. При нивното заминување, пријавениот Н.О. од  балконот на куќата фрлал со саксии кон санитарните инспектори со намера да ги повреди, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука