август 13, 2017

Струга, 13. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – 30-годишниот Х.Ј. од тетовското село Пршовце заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешки дела против безбедноста во сообраќајот“.

На 12-ти јуни, тој предизвикал сообраќајна незгода на регионалниот пат Подмолје – Струга, кога управувајќи моторно возило марка „Рено“ преминал на лeвата коловозна лента и удрил во возило „Мерцедес“ со охридски таблици, управувано од страна на лицето М.С. од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „Рено“, Е.Ј. од селото Пршовце, кој бил пренесен и задржан во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, додека со полесни повреди се здобиле двајца сопатници од истото возило. Тие, заедно со возачот на автомобилот „Мерцедес“, кој имал полесни телесни повреди, по укажана неопходна медицинска помош во болницата, се пуштени на домашно лекување. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука