август 14, 2017

Струга, 14. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Едно лице е потешко повредено во сообраќајна незгода, што се случила вчера попладне на улицата „Партизанска“ во Струга.

Во незгодата учествувале патничко моторно возило “Форд Мондео“ со охридски регистарски ознаки управувано од А.Р. од с.Лабуништа и скутер „Априлиа“ со охридски регистарски ознаки управуван од Е.А.(38) од Струга.

Возачот на скутерот се здобил со тешки телесни повреди (фрактура на лева клучна коска), кој по укажаната лекарска помош во Медицински центар – Струга е пренесен и задржан во болницата Св.Еразмо во Охрид.

Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Струга.

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука