август 15, 2017

Дубровник, 15. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – За да не ја доживее судбината на Венеција и на Барселона, каде што масовниот туризам достигна толкави размери што веќе ги доведува инфраструктурата и културното наследство во опасност, а граѓаните почнуваат да изразуваат непријателство кон туристите, Дубровник драстично ќе го намали бројот на посетители што ќе може да влезат во стариот дел на градот, открил градоначалникот Мато Франковиќ за британски „Телеграф“.

Новото ограничување следува по препораките на УНЕСКО, па така, наместо досегашните 12.000 посетители, отсега стариот дел ќе може да го посетат само 8.000 туристи дневно.

Ограничувањето, кое ќе трае две години, исто така се однесува и на бројот на туристи што доаѓаат во градот со крузери.

dubrovnik3

dubrovnik2

– Не сум тука за да ги развеселувам луѓето, туку да го направам квалитетот на живот во градот што подобар. Некои сопственици на крузери нема да се согласат со мене, но мојата главна цел е престојот на туристите во Дубровник да го направам што поквалитетен. Меѓутоа, тоа нема да се случи доколку состојбата продолжи да биде таква каква што е сега, рекол Франковиќ.

Тој рекол дека во следните години ќе изгубат милиони, но убеден е дека во иднина ќе заработат уште повеќе.

– Заслужуваме да бидеме топ-туристичка дестинација, рекол првиот човек на Дубровник.

За споредба, во 2014 година во Дубровник пристигнале 463 крузери, во 2015 – 475, а во 2016 – 529 крузери, од кои се симнале 799.916 туристи. (Крај)

извор: Макфакс фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука