август 15, 2017

Струга, 15. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, во сабота, на 19-ти август со почеток во 20:00 часот ќе биде отворена првата изложба на Здравка Крстиновска.

– Делата се изработени во Енкаустика – техника на сликање чии корени потекнуваат од минатото која што во поново време добива нова димензија. Она што оваа техника ја издвојува од останатите е мешањето на чист восок и пигмент и нанесување на подлога со помош на топлина. Сликањето со оваа техника дава посебен вид на слобода во изразувањето. Низ делата може да се препознаат различни мотиви- пејсаж, мотиви од природата, растенија, плодови па и мистични моменти кои најчесто компонираат апстрахирани колоритни композиции, информираат организаторите.

Здравка Крстиновска е родена во Кочани, 1960 година, по професија е дипломиран земјоделски инжињер. Креативниот импулс најчесто и го исполнува слободното време, освен сликањето со енкаустика изработува и накит. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука