август 18, 2017

Барселона, 18. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во новиот напад со комбе возило, кој се случи ноќеска околу 01:00 часот по полноќ на шеталиштето на каталонскиот туристички град Cambrils се повредени седум лица.

– Полицијата уби пет напаѓачи, јави шпанската телевизија RTVE.

Возилото се појавио на шеталиштето и започнало да ги гази минувачите во напад кој бил многу сличен на оној кој се случи во 100 километри оддалечената Барселона. Следувала престрелка со полицијата во која се убиени напаѓачите.

Шпанска „Ла Гвардија“ јавува дека тие носеле појаси со експлозив. (Крај)

извор: RTVE фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука