август 25, 2017

Охрид, 25. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – По повод претстојните празници, Успение на Пресвета Богородица и Св. Јоаким Осоговски, во неколку охридски храмови ќе има богослужба и литургии, информираат од Дебарско-кичевската епархија.

Во недела, 27-ми август, по повод празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, во истоимената црква во Каменско, ќе се служи празнична вечерна богослужба со опело, со почеток во 17:00 часот. Со неа ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.

kamensko-sluzbaСамо во овој храм и во понеделник, на самиот празник, со почеток во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.

На 29-ти август пак, во манастирот „Св.Климент и Св.Пантелејмон“ на Плаошник, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Неракотворен образ на Господ Исус Христос и преподобен Јоаким Осоговски“. Почетокот е во 08:45 часот, а ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука