август 26, 2017

Струга/Охрид, 26. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва во катедралната црква „Св.Софија“ во Охрид  ќе се одржи поетски портрет на лауреатот, годинашниот добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата, поетот Чарлс Симиќ.

Почетокот е закажан за 20:30 часот, а за Симиќ ќе беседи поетот Богомил Ѓузел, кој меѓу другото е и преведувач на дел од песните на венцоносецот. Во музичкиот дел ќе настапи македонскиот пијанист Дино Имери. Пред овој настан, учесниците на фестивалот ќе гипосетат повеќето културно – историски споменици низ Охрид. Инаку, пред вечерашниот портрет, лауреатот утрово имаше кафе- средба со останатите поети од фестивалот, меѓу кои се и неколкуте негови преведувачи на повеќе светски јазици.

Од останатите настани предвидени за денес, е и симпозиумот „Изгубено/најдено во преводот“, поетското читање по повод 55 години од наградата „Браќа Миладиновци“ со голем дел од досегашните добитници. Во 22:30 часот на плоштадот во Охрид ќе се одржи поетското читање „Созвучја“ на кое ќе настапат 20 странски поети. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука