август 27, 2017

Истанбул, 27. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Туристичкиот сектор во Турција се зголеми за 46,3 отсто во јули, според податоците објавени од турското Министерство за туризам.

Остриот пораст беше постигнат по ниските резултати во минатата година во однос на терористичките напади и обидите за државен удар. Сепак, 5 милиони туристи регистрирани во јули беа под број од 5,5 милиони пријавени во јули 2015-та година.

Податоците за туризмот во јули го одбележуваат четвртиот последователен месец на раст во овој клучен сектор во Турција.

Руските туристи се вратија и беа најголемата група странски туристи во Турција. Бројот на руски туристи влијаеше на остриот пад во минатото лето откако Турција го урна рускиот воен авион во близина на границата со Сирија во ноември 2015-та година.

Германците беа втората по големина група меѓу странските туристи во Турција и покрај тензиите меѓу двете влади. (Крај)

извор: Денар фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука