август 28, 2017

Струга, 28. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Лицето М.К. од Струга, вчера 10:20 часот, во Полициската станица во Струга пријавил дека истиот ден, во 09:30 часот, во семејниот дом во Струга ја пронашол, без знаци за живот, својата 7-месечна ќерка.

Истиот се обидел да и` даде вештачко дишење, а потоа со такси возило го однел детето во Детското одделение при Јавната Здравствена Установа во Струга, каде дежурните лекари констатирале смрт. Од извршениот надворешен преглед над телото на починатото бебе не биле констатирани траги на насилство.

По наредба на Јавен Обвинител, телото на починатото дете е предадено на семејството за погреб. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука