август 31, 2017

Москва, 31. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Рускиот заменик-министер за финансии Алексеј Мојсеев изјави дека биткоинот наликува „високоризична финансиска пирамида“, а во исто време се планираат прописи кои потенцијално можат да ја забранат продажбата на криптовалутата за обичните инвеститори или физичките лица.

Во телевизиското интервју со руската телевизија „Россия 24“, Мојсеев ги коментираше предложените прописи за биткоинот во Русија, идејата која беше претставена повторно од него уште во април. Руската држава размислува регулации и ефективна законитост на биткоинот, изјави претставникот тогаш, за да следат трансакциите со биткоини во земјата.

За време на интервјуто оваа недела Мојсеев сепак изјави: „Има една гледна точка, според која криптовалутите како биткоинот претставуваат финансиска пирамида. Тешко е да се расправаме со таква позиција. Ваквите инвестиции се со висок ризик. Ова го одредува нашиот пристап за нивно регулирање“.

Планираните прописи може да им дозволат „само на квалификувани инвеститори да купуваат и продаваат биткоини“, рече Мојсеев. Квалификуваните инвеститори ќе вклучат приватни инвеститори, рече тој, додавајќи дека Министерството за финансии дискутира со централната банка на Русија и Берзата на Москва за регулациите на биткоинот. (Крај)

извор: Денар фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука