септември 3, 2017

Утрехт, 3. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во холандскиот град Утрехт кон крајот на минатиот месец започна да работи првиот дел од паркингот за велосипеди, кој по завршувањето на изградбата во 2018 година  ќе може да се паркираат 12 500 велосипеди.

Инвестицијата  е  40 милиони евра и според градските власти тоа ќе биде најголемиот ваков објект во светот. Основната цел е да се реши проблемот со оставањето на велосипеди пред железничката станица во градот со 344 000 жители. Во обид да го прекине  растечкото натрупување  на велосипеди во реонот општината гради трикатен паркинг.

Тој е поврзан со велоалеите и улиците, а од него има директен пристап до Перо преку лифтови и скали.
Во првите 24 часа користењето е бесплатно  по 1,25 евра за секој нареден ден.

Поради  растечкиот број велосипеди во Холандија властите вложуваат милиони евра во модерни капацитети за паркирањето и  за одржување на велоалеи, отстранување на пречки, собирање на напуштени или неправилно паркирани велосипеди.

Хаг планира гаража за 8 500 велосипеда, а Амстердам (835 000 жители и 847 000 велосипеди) развива проекти за паркирање на илјадници велосипеди под реката Амстел.

Сериозни проблеми во Амстердам создаваат самите сопственици – минатата година се собрани близу 24 000 напуштени велосипеда, а 40 000 се отстранети од улиците за неправилно паркирање. (Крај)

извор: Локално фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука