септември 4, 2017

Единбург, 4. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Британската кралица Елизабета Втора во Шкотска го отвори највисокиот мост во земјата – еден од најмодерните мостови во светот, со три столба, со висина од 207 метри.

Вредноста на модерниот објект изнесува 1,35 милијарди фунти (1,7 милијарди долари).

Кралицата беше придружувана од 96-годишниот сопруг, принцот Филип, иако поради возраста, тој минатиот месец официјално објави дека се повлекува од извршувањето на јавни обврски како член на кралското семејство.

Во присуство на шкотската премиерка Никола Старџен, Елизабета Втора ја пресече лентата и официјално мостот го пушти во употреба.

Мостот со должина од 2,6 километри, чија изградба траеше шест години, го поврзува шкотскиот политички и културен град Единбург со северо-источниот дел на Шкотска. Тој ќе биде замена за познатиот Форт бриџ, како главен транспортен автопат.

Проектираниот „животен век“ на мостот е 120 години. (Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука