септември 10, 2017

Лондон, 10. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ерупција на супервулкан ќе доведе до многу поголеми последици, отколку пад на астероид, ова го соопштува „Индипендент”, повикувајќи се на наученици од НАСА.

Експертите забележуваат дека денес на Земјата има околу 20-тина суперлукани, кои можат да се разбудат во секој момент.

Ерупцијата на еден од нив ќе доведе до „вулканска зима”, при што може да загинат милиони лица. Како еден од најопаснитен супервулкани тие го посочуваат Јелоустоун, кој се наоѓа во Вајоминг во САД. Изданието додава, дека НАСА веќе почнала да разработуваплан за отстранување на опасностите од супервулканите. Единствено од нив се поврзува со зголемување на количеството вода за „оладување” на вулканот. (Крај)

извор: Локално фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука