септември 12, 2017

Брисел, 12. септември 2017(ОХРИДПРЕС) – Европскиот парламент сака да го намали бројот на пратениците, кои сега се на горниот праг на дозволеното по Лисабонскиот договор.

Од 751, колку што се сега, тие треба да останат 700. Ова го понудија директорката на Уставната комисија на ЕП, Данута Хубнер (Полска) и нејзиниот заменик, Педро Силва Переира (Португалија).

Хубнер и Переира како повод за намалување на бројката предлагаат да се искористи заминувањето на Велика Британија, која во моментов има 73-ца претставници во Европскиот парламент. 50 од ослободените места треба да бидат оставени во резерва за идно проширување и / или пак за пан листови од пратеници, за кои ќе може да се гласа од сите европски граѓани, без разлика каде живеат. Останатите 23 места треба да се прераспределат меѓу сегашните земји-членки, сметаат двајцата членови на Уставната комисија.

Тие гарантираат дека ако идејата им се прифати, ниту една земја нема да загуби од сегашната бројка европратеници, освен Велика Британија.

Новата шема се нуди уште за следните избори за Европскиот парламент, во мај 2019 година. Хубнер и Переира на дебата во Брисел изјавија дека прашањето треба да се расчисти најдоцна до летото 2018 година, за да можат земјите членки и кандидатите за пратеници да имаат јасност за она за што ќе се натпреваруваат, а исто така и да се усвојат потребните измени во изборниот систем. (Крај)

извор: Локално фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука