септември 24, 2017

Охрид, 24. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Традиционално, со митинг на Градскиот плоштад во Охрид, ВМРО-ДПМНЕ утре со почеток во 19:00 часот ќе ја започне кампањата за локалните избори закажани за 15-ти октомври.

– Големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе се одржи под слоганот „Новата ера почнува“. Предвидено е да се обрати лидерот на партијата Никола Груевски, носителот на советничката листа д-р Кирил Пецаков и кандидатот за градоначалник на Охрид, д-р Митко Тилевски, информираат од Центарот за комуникации ВМРО-ДПМНЕ при ОК од Охрид. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ФБ СДСМ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука