октомври 23, 2014

Прилеп, 23. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Семејството на Дениса Маркоска ги доби резултатите од ДНК анализата кои потврдуваат дека се идентични со оние кои беа земени од телото на девојката која што беше пронајдена во водите на Егејското море.

Извори од семејството на Дениса потврдуваат дека пронајдениот женски труп е на Дениса Маркоска, но не откриваат повеќе детали.

Дениса Маркоска за последен пат беше видена на 13-ти септември на бродот „Серенисима“ каде што работела во моментот кога тој пловел кон Крит. Од тогаш и се губи секаква трага. По опсежна потрага, тело, чиј идентитет се утврдуваше, беше пронајдено во водите на Егејското Море.

Се уште нема информации во какви околности настапила смртта. (Крај)

извор: Press24 фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука