„Охрид во 10“ – 3. ноември 2017

Охрид, 3. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_9174

Охрид во 10 на 3. ноември 2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.

инфо: 03.11.2017 година

– Метео: Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 13. степени

Стојаноски: Во мојот кабинет ќе има искусни, проверени и пред се` чесни луѓе

– Наставници од ОУ „Григор Прличев“ дел од „Speech4Teach – инспирација за едукација

– Доделени наградите на најдобрите на ликовниот конкурс во рамките на проектот „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка

– Ќе се организираат интензивни курсеви за туристички водичи за изучување странски јазици

– Ќе завршат ли главоболките на наставниците со електронскиот дневник?

scroll to top