Охрид, 15. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид, д-р Јован Стојаноски денес оствари работна средба со Деканот и Продеканот на Архитектонскиот факултет при универзитетот Св. Кирил и Методиј, проф. д-р Огнен Марина и доц. д-р Јован Иваноски.
На средата првенствено се разговараше за интегрираната стратегија за развој на општина Охрид, а беа разгледани и различните форми на генерирање соработка.
Беше потпишан меморандум за соработка меѓу двете институции што ќе биде основа за подготовка на Програма во која ќе бидат изнесени идејните решенија за урбанистички развој на општина Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Општина Охрид