УЕФА ја заврши истрагата, Рома ја чека жестока казна

Нион, 18. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – УЕФА ја завршува истрагата околу расистичките напад од страна на навивачите на Рома против Челси во Лигата на шампионите во Лондон.

На мета на навивачите на римскиот клуб беше Антонио Рудигер кој изминатово лето во Челси пристигна токму од редовите на Рома. Рудигер постојано беше навредуван на расна основа на дуелот на „Стемфорд бриџ“.

УЕФА објави дека има доволно докази за дисциплинска постапка против Рома. Италијанските медиуми пренесуваат дека одлуката официјално ќе биде соопштена во понеделник, а Рома ја очекува жестока казна. (Крај)

извор: Екипа.мк фото: архива

scroll to top