ноември 19, 2017

Охрид, 19. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Кога ќе помислите на соодветна и модерна шминка, прва асоцијација ви е MakeUp by Kika.

Кристина Илоски веќе девет години вложува и успешно го гради брендот MakeUp by Kika. Колку бил тежок или лесен овој пат, кои се услуги се нудат во нејзиното студио „Ателиер“, дознајте од интервјуто со Кристина.

Супер радио: Охриѓанки веќе добро Ве знаат, но сепак на почетокот нешто повеќе за Вас.

Кристина: За почеток едно огромно благодарам за поканата и за вашето присуство и вие да бидете дел од оваа 9 годишна приказна. Девет години официјално постоење не е мала бројка, но сепак не би сакала сама да кажувам за мене, доволно зборуваат делата, а воедно и ќе дознаете повеќе со следните прашања…

Супер радио: Зошто баш make up артист, што Ве натера да се занимавате со ова, од каде желбата?

Кристина: Затоа што едноставно знаев дека тоа отсекогаш го сакам. Ќе ви кажам како се роди мојата желба за шминка и козметика. Уште како девојче, гледајќи ја мајка ми секое утро како во свој стил својата убавина ја зачинуваше со шминка се вљубив во оваа професија. На 24 години започнав аматерски да се занимавам со шминкање, така што со тек на време, поточно во 2009 година завршив професионален курс по шминка во Сараево, под менторство на познатата make up менторка и висажистка Марина Божаниќ, која многу ми помогна да станам она што сум денес.

make_up_kika_5_640x360

Супер радио: Спомнавте дека веќе девет години го работите ова, како поминаа?

Кристина: Ни сама не сум уште свесна кога „летнаа“ овие 9 години. Морам да признаам многу брзо, бидејќи за нашиот град, особено за жените, девојките, направив една голема револуција. Се сеќавам на моите први фотосесии со шминка, како вчера да беше, сите беа изненадени. Денес, после 9 години, напорна работа, имам сопствено студио кое нуди повеќе услуги во име на женската убавина покрај шминката.

Супер радио: Ајде нешто повеќе за услугите што ги нуди Вашето студио „Ателиер“.

Кристина: Овозможуваме курс за make up артисти кои ќе се запознаат со: типови, психологија и третмани на кожата, вклучително и подготовка за шминка; работа со професионален фотограф; платени книги и материјали од „Ателиер“ вклучени фотографии, модели и шминка. “Fond de teint” – креација од совршени слоеви и навлажувачи, потоа проучување и истражување на различни видови на лице и нивна корекција; убавината во текот на историјата (модни икони кои го инспирираат шминкерот), како и убавината во текот на 20-от век (филмови и музика).

Како нова услуга што ја нудиме е јапонско исцртување на веѓи. “Microblading” техниката е еден вид на полутрајна шминка и е тесно поврзана со шминкањето кога станува збор за естетика.При работа со оваа техника се постигнува природен изглед на вашите веѓи. Многу е важно да се нагласи дека веѓите не се кубат туку се исцртуваат во нивниот природен облик и во природниот правец. Преку оваа метода се добива форма која не се разликува од природните веѓи.

make_up_kika_2_360x640

Супер радио: Сигурно имате посетувано семинари и саеми како би биле во чекор со времето?

Кристина: За еден професионален артист да биде успешен во својата работа, пред се мора да биде посветен и да ја сака работата што ја работи. Оние што добро ме познаваат знаат колку ја сакам мојата работа и колку вложувам во истата. Посетувам семинари најчесто надвор од Македонија, бидејќи сметам дека секој make up артист има свој сопствен стил на изразување и токму поради оваа причина не застанувам и одам на овие семинари секогаш да научам нешто ново и иновативно. Едни од врвните артисти од кои сум научила многу се: Марија Лихачева – Apropo makeup academy, Оксана Новаковиќ -Makeup Atelier Paris, Александра Кнежевиќ и други.

make_up_kika_1_1_360x640

Супер радио: Кои од познатите личности од естрадата и јавниот живот Ви ја дале довербата за разубавување?

Кристина: Соработка сум имала со многу познати јавни личности, но еве како последен проект ќе го издвојам спотот на Наташа Малинкова, за песната „Хеј мама“, во режија на Даниел Јовески, а од модните дизајнери ќе ја издвојам модната креаторка Ивана Кнез со која работев пред 2 години на нејзина ревија.

Супер радио: Колку е лесно или тешко да се координира приватниот и професионалниот живот?

Кристина: Приватниот и професионалниот живот успевам да ги координирам благодарејќи на моето семејство и мојот прекрасен сопруг. Да немав од него помош и поддршка не знам како би се соочила, но нешто кога се сака се се може. Многу сум принципиелна во мојата работа и затоа одам напред. Улогата на мајка ја „играм“ веќе 5 години и мислам дека со тоа станав подобар и поисполнет човек, зошто сега знам зошто работам. Летниот период ми е потежок и често немам доволно време да се посветам целосно на моето семејство, но затоа на зима уживам максимално со моите најмили и акумулирам позитивна енергија и инспирација за нови предизвици и креации во светот на шминката.

Супер радио: Дали и колку се пребирливи клиентите кога е шминката во прашање и дали примаат сугестии од ваша страна?

Кристина: Кога сме кај клиентите, оние кои се редовни, целосно се препуштаат на магијата на мојата шминка и среќна сум дека тоа е така, односно дека целосно ми се доверуваат во она што го работам. И секако истите ги прифаќаат сугестиите од моја страна зошто точно знам што одговара на едно лице.

make_up_kika_4_360x640

Супер радио: Ваша препорака кога станува збор за шминката, кои се брендовите кои ги користите и што во моментов е „ин“ на make up сцената?

Кристина: Кога сме кај трендовите, гледам да сум ин, но воедно и прифаќам секаков вид на шминка зошто секоја жена не е подготвена да го следи секој тренд. Затоа боите и шминката ги комбинирам според желбата на личноста, боја на кожа, облик на очи, усна, нос…

make_up_kika3_360x640

Супер радио: Што планирате во иднина?

Кристина: За во иднина имам доста планови, но не би било интересно доколку би ви ги открила. Само ќе напоменам дека за 10 години MakeUp by Kika очекувајте нешто големо. Ќе биде изненадување за сите, позитивно се разбира. Тогаш ќе бидете поканети и самите ќе бидете дел од моите идни планови. По повод деветтиот роденден, ексклузивно уживајте во фотосесијата на модели, дело на фотографката Кристина Затуровска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: MakeUp by Kika

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука