Охрид, 19. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 19. ноември 2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.
инфо: 19.11.2017 година
– Општина Охрид: Преземени се сите мерки, бродот ќе се вади утре (Фото/Видео)
– Од „Чист Охрид“ апелираат до ЈП „Охридски Комуналец“ да се исчисти делот кај болницата
– Society of Wetland Scientists со поддршка Охридското Езеро и Студенчишко Блато да се прогласат за Рамсар подрачје
– Празни каси во 20 општини, охридската со „најдолг стаж“
– ДИЖС: Ќе се превземат сите законски мерки за нафтената дамка во каналот Студенчишта
– Управување со ризиците од поплави и тематски студии за Дримскиот басен во фокусот на 5-та Конференција на заинтересираните страни за управување со него
– Од утре Семос едукација стартува и во Охрид