Во петок нова „Импровокација“

Охрид, 20. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Нова, четврта епизода од театарската импровизација „Импровокација“ ќе се одигра во петок 24-ти ноември.

Почетокот е закажан за 20:00 часот, а и овој пат за добрата забава ќе бидат задолжени Никола Тодороски, Стрезо Стаматоски, Филип Кипровски и Филип Ангеличин Жура.

Влезниците веќе од денес напладне ќе бидат пуштени во продажба во музичката продавница Зизи Топ. Цената е 150 денари, а на денот на шоуто ќе изнесува 200  денари. Влезници може да се резервираат и на телефонскиот број 075/283-066, во периодот од 11:00 до 15:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

scroll to top