Конститутивна седница на новиот Совет на Центарот за развој на југозападниот плански регион

Струга, 23. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Струга ќе се конституира Советот на Центарот за развој на југозападниот плански регион, а ќе биде избран и нов претседател.

Предвидено е на конститутивната седница на ова регионално тело да разгледани и повеќе други точки, меѓу кои и листата на приоритетните регионални проекти со кои Центарот за развој на југозападниот плански регион планира да аплицира кај домашните извори на финансирање, пред се, кај Министерството за локална самоуправа, односно Бирото за регионален развој, кај останатите ресорни министерства и агенции, како и кај меѓународната донаторска заедница. Се очекува, следната 2018 година, да бидат реализирани повеќе регионални проекти во вкупна вредност од околу 40 милиони денари, при што како главни партнери ќе се појават деветте општини што му припаѓаат на регионот.

По седницата, планирано е да бидат пуштени во употреба, реконструираните простории што ги користи Центарот за развој на југозападниот плански регион, а за кои средствата се обезбедени од Буџетот на РМ во рамки на проектот за Енергетско-ефикасни објекти, што се имплементира во шест општини од Регионот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

scroll to top