Охрид, 24. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево со умерена облачност и тивко. По одделни котлини со појава на магла, особено претпладне.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 12. степени.
– До сабота ќе се задржи стабилно и суво време, по котлините со појава на магла, особено во претпладневните часови. Во недела попладне најпрво во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Во текот на ноќта кон понеделник врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Врнежи од дожд и снег ќе има и во понеделник претпладне, а преку денот ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на температурите, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес