НБА: „Кралот“ со „трипл-дабл“ за триумф на Кливленд, Бостон се врати на победите

Кливленд, 25. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во неизвесен натпревар Кливленд славеше против Шарлот со 100-99 доаѓајќи до седмата победа едноподруго во НБА лигата.

Гостите имаа предност од 54-57 на полувремето, за да потоа во израмнета битка победникот го даде последната четвртина. При 100-99, Шарлот имаше и шут за победа но не погоди Џереми Ламб.

Леброн Џејмс одигра неверојатна партија запишувајќи „трипл-дабл“ од 22 поени, 14 скока и 13 асистенции,  а кај Шарлот најдобар беше Двајт Хауард со 20 поени и 13 скокa.

Денвер стигна до победа против Мемфис ос 104-92. Најзаслужен за триумфот беше Никола Јокиќ кој имаше „дабл-дабл“ од 28 поени и 13 скока, а на сето тоа дополнети и уште 8 асистенции. Добра партија одигра и Џамал Мареј со 15 поени, додека кај мемфис се издвои Грин со 21 постигнат поен.

Њу Орлеанс славеше против Феникс со 91-115, предводен од А. Дејвис со 23 поени, додека кај гостите најефикасен беше Ти-џеј Ворен со 18 поени.

Кошаркарите на Бостон на свој паркет го „разбија“ Орландо со 118-103. Бостон играше одлично од самиот почеток, имајќи предност и од 30 поени во третиот период. Кајри Ирвинг повторно демонстрираше одлична партија со 30 поени за својата екипа, додека на спротивната страна најефикасен беше Џонатан Симонс со 14 поени.

Атланта во својата „Филипс арена“ победи против Њујорк никс со 116-104. Денис Шродер предводеше со 25 поени, а во редовите на Њујорк добра партија пружи Порзингис постигнувајќи 28 поени.

Во останатите дуели од синоќешната програма Индијана го победи Торонто со 107-104, Минесота загуби од Мајами со 97-109 а Оклахома во неизвесен меч загуби од Детроит со 98-99. Голден стејт со неверојатни 143-94 го победи Чикаго. (Крај)

извор: Екипа.мк фото: архива

scroll to top