ноември 26, 2017

Охрид, 26. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Св. Јован Златоуст. Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13-ти ноември.

Свети Јован Златоуст е еден од најголемите цариградски патријарси. Се роди во Антиохија, во 354 година. Во младоста ги изучи грчките философи, а се дообразува во познатата Антиохиска школа. По смртта на родителите, се замонаши и почна строго да се подвизува. По својата мудрост се истакна уште во Антиохија, па подоцна, по барање на цар Аркадиј, беше поставен за патријарх во Цариград.

Бог го надари со дар на јасно расудување и убаво зборување, по кои едвај да е надминат од некого во историјата на Црквата. Се успокои во 407 година, во Ерменија. Од неговите мошти, главата се наоѓа во Успенската црква во Москва, а телото во Ватикан. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука