Охрид, 27. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 27. ноември 2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.
инфо: 27.11.2017 година
– Нанче: Тајната иницијатива за градење на минаре на џамијата е обид за нови конфронтации во Охрид
– Денес отворен ден во Семос Едукација и LIGO Digital
– Денеска е Св. апостол Филип, мачен и распнат заради верата во Бога
– Утре ново рочиште во повторениот процес за убиството на Димитар Матилоски
– Кривична за охриѓанец поради бесправно градење
– Две лица со посебни потреби од Охрид добија специјални инвалидски помагала
– Стартуваат курсевите на Детскиот едукативен центар на Семос Едукација во Охрид