Охрид, 29. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 29. ноември 2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.
инфо: 29.11.2017 година
– Здружението „Титоисти“ потсетува на некогашниот Ден на Републиката
– Кампери од Франција уживаа во Охрид, Скопје и на Матка – ќе дојдеме повторно
– Работна група ќе изработи акциски план за постапување по одлуките на УНЕСКО за Охрид
– Завршни активности од проектот „Поттикнување на вработливоста во туристичкиот сектор“
– Охрид со негативен прираст во третиот квартал од годинава
– Нацрт буџетот на општина Охрид за следната година во вторник пред советниците
– Три награди за учениците од охридската Гимназија на натпреварот „Ноември – месец на науката“
– „Пајакот“ лови низ градот