Охрид, 30. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде претежно облачно, во западните делови со врнежи од дожд, кои на крајниот запад ќе бидат обилни. Ќе дува засилен јужен ветер.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 12. степени.
– Нов влажен и релативно топол бран со обилни врнежи од дожд ќе има од денес до сабота. Во текот на денешниот ден ќе дува засилен јужен ветер, а врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Во петок обилни врнежи се очекуваат на повеќе места,а во сабота во источните делови каде ќе има услови за појава на грмежи. Снег ќе има само на високите планини. Од целиот влажен бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 л/м2, а во крајните западни делови локално и околу 100 л/м2 дожд. Во недела и понеделник врнежите ќе бидат локални, а температурите ќе бидат во опаѓање, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес