Кривични за двајца крадци, „специјализирани“ за базни станици

Охрид, 3. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“.

– 27-годишниот Ј.Г. од скопското село Мралино и 19-годишниот Ф.С. од кумановско Агино село казненото дело го сториле на 29-ти септември оваа година во базната станица на „Телеком Македонија“ во селото Пештани. Притоа, погоден алат и физичка сила успеале да ја отворат влезната врата, по што одзеле три акумулатори за напојување. Претходно, поточно на 21-ви септември, двајцата пријавени, го пресекле кабелот од базната станица на „ОНЕ-ВИП“ лоцирана во месноста „Св. Еразмо“, по што дошло до опожарување на истата. Сега пријавениот Ј.Г. во периодот од 2014 до 2016 година влегол во  базните станици на повеќе локации во сопственост на „ОНЕ-ВИП“ и во базната станица на АД „НЕОТЕЛ“ при што одзел  акумулатори, кабли, бакарни ленти и гориво за напојување на генератор. Двајцата пријавени се стекнале со противправна имотна корист од 60.000 денари, информриаат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

scroll to top