Охрид, 4. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 4. декември 2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.
инфо: 04.12.2017 година
– Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста
– Започна новогодишно украсување на чаршијата, дотур на роба ќе може да се врши само со помали возила
– Две малолетни лица предизвикале експлозија во ОУ „Григор Прличев“
– Охридскиот нотар Кузманоски, како претседател на македонската Комора дел од генералното собрание на Советот на нотаријатите на ЕУ во Брисел
– Весна Цветкоска е нов директор на охридската гимназија