Миес, 5. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Македонската репрезентација падна две позиции на најновата ранг листа која ја објави Светската кошаркарска федерација (ФИБА).
Во најновиот ранкинг се земени резултатите во ноемвриските квалификации, но без разлика што ние славевме над Словачка и Швајцарија во претквалификациите за ЕП забележавме пад и сега сме 40 светска сила или 22 во Европа.
Ние имаме 159,2 поени што е доволно да бидеме во сендвич на Уругвај и Унгарија кои се пред и зад нас. Меѓу најдобрите пет има само една промена и сега Литванија е петта на сметка на Аргентина. Лидери се САД пред Шпанија, Србија и Франција. (Крај)
извор: Дерби.мк фото: архива