Ливерпул, 7. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Се спушти завесата од групната фаза во Лигата на шампионите, откако беа одиграни последните натпревари од оваа рунда.
Синоќа можеше да има драма во групата Г каде Лајпциг и Порто имаа исти бодови пред последното коло, меѓутоа Германците загубија од Бешикташ, а Порто го совлада Монако.
Ниту Ливерпул не беше стопроценти сигурен, но избраниците на Јирген Клоп го прегазија Спартак од Москва со убедливи 7-0. Шахтјор го совлада Манчестер сити и така обезбеди пласман во нокаут фазата.
Резултати: Ливерпул – Спартак 7:0, Марибор – Севилја 1:1,Шахтjор – Манчестер сити 2:1, Феенорд – Наполи 2:1,Лајпциг – Бешикташ 1:2, Порто – Монако 5:2,Реал Мадрид – Борусија Д. 3:2 и Тотенхем – Апоел 3:0.
Носители на групите: Манчестер јунајтед, ПСЖ, Рома, Барселона, Ливерпул, Манчестер сити, Бешикташ и Тотенхем.Второпласирани: Базел, Баерн Минхен, Челси, Јувентус, Севиља, Шахтјор, Порто и Реал Мадрид.
Во осминафиналето сигурно ќе гледаме неколку мега пресметки, бидејќи екипи како Баерн, Челси, Јувентус и Реал Мадрид се во вториот шешир. Можна е дури и реприза од европскиот Суперкуп кој се играше во Скопје, помеѓу екипите на Реал и Манчестер.
Ждрепката за осминафиналето ќе биде одржана на 11 декември, а натпреварите се играат на 13 и 14 февруари, како и на 20 и 21 истиот месец. Реваншите се закажани за на 6, 7, 13 и 14 март. (Крај)
извор: Спорт1.мк фото: архива