Охрид, 11. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридските ракометари со победа се вратија од гостувањето во Радовиш.
Во 13-то коло од Супер лигата тие го совладаа домашниот тим со резултат 26-27, на полувреме 12-13.
Според моменталната состојба на табелата, „гладијаторите“ се на четвртата позиција со 22 бодови.
Победата над Радовиш му обезбеди место на охридскиот тим во плеј -офот, заедно со Пелистер, Еурофарм Работник и Пролет, а ќе им се придружат и Вардар и Металург.
Инаку во следната рунда „гладијаторите“ на домашен терен ќе ја пречекаат екипата на Металург 2. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива