Нион, 11. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес на пладне беа извлечени паровите за осминафиналните дуели во Лигата на шампиони.
ПСЖ атакува на европска круна, но веќе во првата нокаут фаза „светците“ ќе имаат огромен предизвик, двомеч со актуелниот европски првак Реал Мадрид.„Кралевите“ беа второпласирани во групната фаза, а од шесте опции ја добија се чини најтешката – дуели со „дрим-тимот“ предводен од Нејмар, Мбапе и Кавани.
Тешка задача ќе ја очекува и Барселона, откако каталонскиот гигант за ривал го доби англискиот првак Челси. Најдобро од сите се чини дека мина Баерн Минхен, кој како второпласиран го доби најлесниот носител, турски Бешикташ.
Неизвесно се очекува да биде и на дуелот меѓу Јувентус и Тотенхем, а Манчестер сити е голем фаворит на дуелот со Базел. Манчестер јунајтед го очекува двомеч со Севилја, а Ливерпул ќе се бори за место во четвртфиналето со Порто.
Осминафиналните пресметки ќе се играат на 13 и 14 февруари, како и на 20 и 21 истиот месец. Реваншите се закажани за на 6, 7, 13 и 14 март.
Двојки за осминафинале:
Јувентус – Тотенхем
Базел – Манчестер сити
Порто – Ливерпул
Севилја – Манчестер јунајтед
Реал Мадрид – ПСЖ
Шахтјор – Рома
Челси – Барселона
Баерн Минхен – Бешикташ. (Крај)
извор: Екипа.мк фото: Уефа